September 9, 2025 | | Македонија
Натпреварот на „Петар Милошевски“ беше посебен, затоа што по долги години овој град повторно беше домаќин на една македонска селекција. Публиката очекуваше спектакл и големо изненадување против фаворитот Италија. Гостите го отворија мечот многу поофанзивно и уште од стартот вршеа притисок кон голот на Василев. Македонија доби надеж во 25. минута, кога Моруци заработи втор жолт картон и Италија остана со играч помалку. Но, и покрај тоа, избраниците на Станиќ останаа во дефанзива. Казната пристигна во 35. минута – Марианучи ја искористи една топка во шеснаесетникот и ја смести во мрежата за водство од 0-1. До крајот на првото полувреме Италијанците ја контролираа играта, а Македонија немаше вистински одговор. Со почетокот на вториот дел, „црвено-жолтите“ одиграа многу поофанзивно. Најдобрата прилика ја имаше Меметрица Хамза во 53. минута, кога биеше силно од далечина, но голманот Мота со одлична интервенција го спаси својот тим. Сепак, тоа беше една од ретките сериозни можности. И покрај сите обиди, нападите на Македонија останаа без вистинска закана, а Италија знаеше како да го сочува минималното водство и на крај заслужено ги однесе трите бода од Битола. Фото: Спорт1
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |