Му беше помошник на Пирло, сега е нов тренер на Шкупи

October 3, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Му беше помошник на Пирло, сега е нов тренер на Шкупи

Шкупи денеска го претстави Алпарслан Ердем за нов тренер. Тој потпиша договор на две години, а ќе го замени Матија Мирков кој поднесе оставка после поразот од Работнички. Интересно за Ердем е што во сезоната 2022/23 кога работеше во Фатик Карагумрук, му беше помошник на легендарниот Андреа Пирло, а во 2023 година стана и прв тренер.Тој исто така бил помошник на Франческо Фариоли во Фатих Карагумрук за сезоната 2021-2022. Како фудбалер пак настапуваше за Вердер Бремен, Галатасарај, Генчлербирлиги, Истанбул Башакшехир и Фатих Карагумрук.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.