April 10, 2025 | | Македонија
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во средата околу 18:40 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово привеле две лица – Д.Д. (34) од Прилеп и И.А. (37) од Битола. Двајцата се осомничени дека го нападнале фудбалерот на ФК Струга Трим Лум, Марјан Радески (30) од Прилеп, кој случајот го пријавил во полиција. Според пријавата, нападот се случил околу 18:00 часот во близина на Градскиот стадион во Тетово, веднаш по завршувањето на натпреварот помеѓу Шкендија и Струга Трим Лум. Наводно, кога фудбалерот излегол од стадионот, го забележал Д.Д., кој го повикал да се приближи до возилото со прилепски регистарски таблички, каде се наоѓал и И.А. Откако влегол во автомобилот, Радески бил физички нападнат од двете лица, а барем со едниот, се познавал од претходно. Од СВР Тетово информираат дека осомничените се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави. „Би сакале да ги расчистиме сите дилеми околу инцидентот кога нашиот фудбалер Марјан Радески беше нападнат по мечот со Шкендија. Според она што фудбалерот го објаснил на официјалните лица, она што се случило воопшто не е поврзано со фудбалот, уште помалку со Шкендија или пак со фановите на тетовскиот клуб. Би сакале да се заблагодариме на Шкендија за добрата организација и секогаш добриот однос кон нашиот клуб“, напишаа од тимот на Струга.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |