Нервозна реакција на играч на ФЦСБ по елиминацијата од Шкендија: Сакал да тепа навивач

July 31, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Нервозна реакција на играч на ФЦСБ по елиминацијата од Шкендија: Сакал да тепа навивач

Елиминацијата од Шкендија во квалификациите за Лигата на шампионите предизвика бурни реакции кај романскиот гигант ФЦСБ. Поразот тешко го прифатија и играчите и навивачите, а најемотивно реагираше Денис Алибек. Според информациите на „Дигиспорт“, еден навивач го навредувал Алибек поради слабиот настап, по што искусниот фудбалер не издржал и сакал да се пресмета со него. Интервенцијата на соиграчите и обезбедувањето спречи поголем инцидент. По елиминацијата, ФЦСБ ќе ја продолжи европската авантура во квалификациите за Лига Европа, каде ќе се соочи со Дрита од Косово. Од друга страна, Шкендија во третото квалификациско коло од ЛШ ќе игра против Карабах.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.