September 7, 2024 | | Македонија
Македонската фудбалска репрезентација одигра нерешено на гостувањето кај Фарски Острови каде и двете селекции постигнаа по еден гол и тоа и двата гола паднаа од пенал. Капитенот на Фарски Острови Вилјормур Давидсен го отвори резултатот од пенал во 9 минута, а во првото полувреме можевме брзо да се вратиме во игра преку Чурлинов, но недостасуваше реализацијата. Само што почна второто полувреме, Македонија избори пенал во 49. минута каде Барди беше сигурен каде претходно Алими беше соборен во шеснаесетникот. Од тогаш, Македонија ја превзеде иницијативата и до крај на натпреварот напаѓаше и имаше неколку добри шанси, но безуспешно. Домаќините можеа да не казнат преку контранапади, но и кај нив недостасуваше завршница. Милевски направи три измени (Алисоки, Ќамили и Илиевски) кои не успеаа да помогнат и директно да влијаат резултатот да се промени во наша корист. За три дена, Македонија ќе игра против Ерменија во Скопје.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |