April 12, 2025 | | Македонија
Брегалница денеска претрпе изненадувачки пораз од Вардар Неготино од 1-0 во рамките на 24. коло од Втората фудбалска лига. Резултатот до некаде падна и во втор план поради потегот кој го направија играчите на Брегалница. Имено, по претрпениот пораз, очигледно тие биле разочарани, па ги искршиле тушевите во гостинската соблекувална. Ваквата информација ја објавија од тимот на Вардар Неготино од каде изразија разочарување. „СРАМОТА! Играчите на ФК Брегалница не знаат да прифатат пораз па ги искршија тушевите во гостинската соблекувална… Каков ВАНДАЛИЗАМ! Како клуб кој играл во прва лига, бедно е!“, напишаа од тимот на Вардар Неготино на социјалните мрежи.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |