April 27, 2025 | | Македонија
Неочекуван и драматичен развој на настаните во Гостивар, слично како и кај Воска, тимот реши да го прекине натпреварот по примениот втор гол од Работнички. Сцената во 76. минута, кога капитенот Алпер Потук побара од соиграчите да се повлечат и сите заедно заминаа во соблекувалните, говори за длабока фрустрација или пак посериозни проблеми во клубот. Отсуството на тренерот Мерт Нобре, кој неофицијално се вратил во Бразил, само ја засилува сликата дека во Гостивар има внатрешна криза, и спортска и организациска. Овој потег сигурно ќе има последици, и од дисциплинска страна, а можно е и федерацијата да отвори посебна постапка. Фото: МакФудбал
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |