November 14, 2024 | | Македонија
Македонија успеа да ја совлада Летонија со минимални 1:0 во рамките на петото коло во Лигата на нации. Во првиот дел Летонија беше опасна од контра преку долги топки со кои нашата одбрана тешко се справуваше и имаше посериозни шанси. Во 17. минути Вапне имаше голема шанса да постигне гол, но за среќа биеше надвор од рамките на голот. Во 23. минута Елиф Елмас го пропушти натпреварот поради повреда и на негово место влезе Ќамили. Најголемата шанса дојде во 45. минута преку Алими кој не успеа да погоди. Второто полувреме Македонија го започна подобро и имаше шанса преку Димоски. Нашите момци конечно успеаа да го отворат резултатот во 57. минута преку Никола Серафимов од корнер каде стоперот беше спремен на втората статива и успеа да погоди. Со оваа минимална победа Македонија сега има 13 бода, втори се Фарските Острови со 6 бода, а Ерменија и Летонија имаат по 4. Наредниот натпревар ќе биде против Фарски Острови во недела со почеток од 15:00 часот.
NIKOLA SERAFIMOV BREAKS THE DEADLOCK WITH A GREAT FINISH ON THE HALF-VOLLEY!!! 📽️ @GoalsXtrapic.twitter.com/y9Iiwo5S87
— Football Report (@FootballReprt) November 14, 2024
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |