Ново лице на Чаир: Шкупи донесе спортски директор со искуство во Фенербахче и Кајзериспор

July 19, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Ново лице на Чаир: Шкупи донесе спортски директор со искуство во Фенербахче и Кајзериспор

Шкупи влегува во нова ера со именувањето на турскиот фудбалски оперативец Бекир Ердем за нов спортски директор, кој ќе ја продолжи работата по заминувањето на Ндерим Неџипи. Ердем доаѓа со богато искуство од турските гиганти Фенербахче и Кајзериспор, а сега ќе има задача да ја стабилизира ситуацијата кај чаирчани, кои зад себе имаат турбулентно лето исполнето со навивачки незадоволства и притисоци врз управата. „Шверцерите“ јавно побараа или посериозни инвестиции од газдата – или негово повлекување од клубот. Клубот во летниот преоден рок се насочи кон млади фудбалери, а со доаѓањето на Ердем, останува да се види дали Шкупи ќе успее да изгради конкурентен тим и да ги смири страстите меѓу навивачите во пресрет на новата сезона.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.