July 2, 2025 | | Македонија
Вардар не застанува со склопување на тимот за новата сезона, а најново име во ростерот е нигерискиот фудбалер Ибрахим Олаосебикан, кој во Вардар доаѓа од редовите на Брера. Како 25-годишен офанзивец за врска, тој има веќе солидно искуство во македонскиот шампионат. Во изминатата сезона настапи на 28 првенствени натпревари, постигнувајќи еден гол и запишувајќи четири асистенции, додека во Купот на Македонија одигра пет меча и се запиша уште еднаш меѓу стрелците. Олаосебикан кариерата ја започна во нигерискиот Реал Сафире, по што играше и во Литванија за Судува и Хегелман. Вардар очекува неговото искуство и креативност да донесат дополнителна длабочина во средниот ред.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |