November 30, 2024 | | Македонија
Попладнево беше донесена одлука за одложување на натпреварите од 17. коло во Првата македонска фудбалска лига. „Одлуката е донесена согласно препораките на Министерството за Внатрешни работи поради неодамнешните случувања и настани и спречување на било каков вид на насилство и недолично однесување на спортските натпревари“, соопшти ФФМ. Комисијата за натпревари ги презакажа одложените натпревари за 3 декември (вторник) со почеток во 13 часот. Овие натпревари ќе се одиграат во вторник: Вардар - Тиквеш Гостивар - Силекс Воска Спорт - Шкендија Шкупи - Струга Пелистер - Беса 1976 Брера Струмица - Работнички
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |