Офанзивен состав на Македонија за дуелот со Летонија

November 14, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Офанзивен состав на Македонија за дуелот со Летонија

Со евентуална победа денес на Македонија над Летонија, ќе биде потврдено првото место во групата во рамките на Лигата на нации, а селекторот Благоја Милевски го објави почетниот состав за дуелот во Скопје. На голот ќе биде Димитриевски, пред него стоперите Серафимов и Зајков, а на бековските позиции се Димоски и Алиоски. Барди и Алими играат во средниот ред, заедно со Елмас и Чурлинов, а Трајковски и Миовски ќе бидат во врвот на нападот. Натпреварот започнува во 20:45 часот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.