Официјално: Стефан Спировски се врати во Пелистер!

June 30, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Официјално: Стефан Спировски се врати во Пелистер!

Пелистер го започна летниот преоден рок со вистински удар – искусниот Стефан Спировски се врати во клубот од каде започна сè. Спировски потпиша договор со матичниот клуб и ќе го носи „зелено-белиот“ дрес во сезоната 2025/26, во која Пелистер ќе атакува на високи цели. За Спировски ова е симболично враќање дома, по речиси деценија и пол богата со домашни и интернационални настапи. По заминувањето од Битола во 2009 година, тој играше за Борац Чачак, Работнички, Вардар, а зад себе има и искуство во Унгарија (Ференцварош и МТК), Израел, Ерменија и Грција. На репрезентативен план, Спировски има 55 настапи за Македонија и беше дел од историската селекција која играше на ЕУРО 2020. Сега, со своето искуство и авторитет, ќе има клучна улога во екипата на Пелистер – не само на теренот, туку и во соблекувалната.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.