August 19, 2024 | | Македонија
Денеска беше официјално потврдено дека тренерот на Вардар Горазд Михаилов заминува од клубот поради приватни обврски, а на клупата ќе го наследи досегашниот прв асистент, Горан Петрески. Петрески претходно има настапувано за Вардар од 1992 до 1996 година, а потоа и во сезоната 1999/2000. Како тренер започна во Работнички, прво како асистент, а потоа и како прв стратег. Петрески ќе ги предводи црвено-црните во новите предизвици и веруваме дека своето знаење, богатото фудбалско искуство како и високиот степен на професионализам, ќе успее на најдобар можен начин, да ги пренесе на екипата“, велат од ФК Вардар.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |