Официјално: Вардар потпиша нов голман!

January 7, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Официјално: Вардар потпиша нов голман!

Македонскиот фудбалски гигант Вардар претстави ново засилување за продолжението на сезоната во ПМФЛ. Црвено-црните го ангажираа искусниот голман Давор Талески, кој има 29 години и пристигнува од Шкендија, каде што беше дел од тимот од 2022 година. Талески има богато искуство во македонската прва лига, со вкупно 165 одиграни натпревари, од кои на 57 успеал да ја сочува својата мрежа недопрена. Покрај Шкендија, во неговата кариера бранеше за Победа, Струга, Пелистер, Металург, 11 Октомври, како и за странските клубови Хонка од Финска и Лариса од Грција. Во новата средина, Талески ќе се натпреварува за местото на прв голман со долгогодишниот чувар на мрежата на Вардар, Филип Гачевски.

 
View this post on Instagram
 

A post shared by FK Vardar (@fkvardar)

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.