Омерагиќ едногласно беше избран за претседател на ФФМ

March 15, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Омерагиќ едногласно беше избран за претседател на ФФМ

Масар Омерагиќ, кој во изминатите три месеци ја извршуваше функцијата привремен претседател на ФФМ, денеска официјално беше потврден за четиригодишен мандат. На редовното собрание на ФФМ, Омерагиќ беше единствениот кандидат, а од вкупно 66 делегати, 65 гласаа во негова поддршка. Тој првично беше избран на вонредно собрание во декември минатата година, а сега ќе ја води федерацијата во наредните четири години.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.