Омерагиќ и Пандев гости на гала свеченоста на ДФБ во Лајпциг

January 24, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Омерагиќ и Пандев гости на гала свеченоста на ДФБ во Лајпциг

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, заедно со спортскиот директор Горан Пандев, вечерва го претставуваат македонскиот фудбал на гала свеченоста во Лајпциг, организирана во чест на 125-годишнината од основањето на Фудбалската федерација на Германија. Овој важен настан ги собра претставниците на повеќето федерации, членки на ФИФА и УЕФА, вклучувајќи го и двоецот Омерагиќ и Пандев, кои ја искористија приликата за градење на нови контакти и соработка. Дополнително, престојот во Лајпциг не помина без посебна средба со еден од најистакнатите македонски фудбалери, Елиф Елмас, каде раководството на ФФМ се запозна со неговите тековни активности и планови. Настанот и посетата ја нагласуваат посветеноста на македонската федерација за активно учество на меѓународната сцена и одржување блиски врски со домашните и странските ѕвезди на фудбалот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.