January 29, 2025 | | Македонија
Во „Куќата на фудбалот“ се одржа значаен состанок меѓу претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, и Министерот за спорт, Борко Ристовски. Разговорите беа насочени кон заедничката иницијатива за унапредување на фудбалот и спортот во земјата, а на состанокот присуствуваше и генералниот секретар на ФФМ, Дрилон Ганиу. Клучните теми беа распределбата на државните средства за спорт, подобрување на инфраструктурата, инвестиции во тренинг центри, како и поддршка за младинските селекции и грасрут програмите. „Нашата заложба е да ја поддржиме Федерацијата. Фудбалот е јавен интерес и мора да помогнеме обезбедувајќи правичност и раст на сите нивоа,“ нагласи министерот Ристовски, истакнувајќи ја важноста на партнерскиот однос меѓу институциите. Од друга страна, претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, ја поздрави соработката со Министерството, потенцирајќи дека распределбата на средствата ќе биде праведна и транспарентна. „Еднаквиот третман за сите клубови е наш приоритет. Имаме јасна визија за развојот на фудбалот и спортот, а кога имате партнер кој ги разбира вистинските потреби, тогаш е многу полесно да се остварат зацртаните цели“, рече Омерагиќ. Дополнително, се дискутираше и за привлекување инвестиции, подобрување на условите за натпреварите од домашната лига, како и улогата на локалната самоуправа во создавањето на поквалитетна спортска инфраструктура. Состанокот заврши со заеднички став дека соработката меѓу ФФМ и Министерството за спорт ќе биде двигател за напредокот на македонскиот фудбал.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |