December 22, 2024 | | Македонија
Новиот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, изјави дека не планира да врши промени на селекторската позиција во националниот тим, освен ако резултатите во иднина не ги оправдаат очекувањата. Иако постоеше неизвесност во јавноста дали смената на врвот на ФФМ ќе резултира со промени во селекторската структура, Омерагиќ категорично ја отфрли таа можност. Во своето обраќање, тој изрази целосна доверба во актуелниот селектор и неговиот тим, нагласувајќи ја важноста на континуитетот во работата. „Во овој момент не размислуваме за промена на селекторската позиција. Реалноста е дека, и покрај кризата во играта, ние завршивме како први во групата, што е значаен успех. Нема да преземам никакви нефудбалски потези кои можат да ја нарушат стабилноста на тимот. Нашата репрезентација има важни квалификации во март, и сè ќе зависи од резултатите и квалитетот на играта понатаму. Приоритетите се да имаме комплетна реконструкција на младинските категории каде работите не стојат добро. Ние не го искористивме пласманот на ЕП за да добиеме млади играчи. Таму стагнираме, имаме лоши резултати, па таму ќе направиме една реформа која во две години ќе покаже резултати. Сите треба да бидат расадник за репрезентацијата до 21 година, за потоа тие играчи да влезат во А-тимот“, изјави Омерагиќ.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |