April 24, 2025 | | Македонија
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, на покана од УЕФА и Фудбалската федерација на Турција, присуствуваше на свеченото отворање на новата регионална канцеларија на УЕФА во Истанбул.
Настанот се одржа во присуство на бројни високи претставници од светот на фудбалот, меѓу кои и претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, и претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.
Свеченоста ја потврди зголемената амбиција на Турција како домаќин на значајни меѓународни фудбалски настани, вклучувајќи го и претстојниот ЕУРО 2032.
“Преку оваа нова канцеларија, УЕФА ќе ја зајакне својата координација со земјите од регионот, а интеграцијата на европскиот фудбал ќе се продлабочи уште повеќе. Турција, држава со современи стадиони и инфраструктура, ќе биде домаќин на три големи настани на УЕФА во краток временски период, вклучувајќи ја и организацијата на ЕУРО 2032, а тоа е потврда за развојот и нивната посветеност во работата. Сакам да му изразам благодарност на претседателот на Турската фудбалска Федерација и на УЕФА за нивната соработка, поддршка и доверба“, изјави претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.
“Турција продолжува да покажува уште поголема амбиција и посветеност да се докаже како еден од светските лидери во организирањето глобални спортски настани. Со сè поголем број значајни турнири што се приближуваат, решивме да отвориме канцеларија во Истанбул за да имаме силно локално присуство и да обезбедиме безпрекорно одржување на престижните натпревари”, истакна претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |