Општината постави рок: Ако нема исплата, сопствениците на Тиквеш си заминуваат

September 13, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Општината постави рок: Ако нема исплата, сопствениците на Тиквеш си заминуваат

Доаѓањето на новиот сопственик во Тиквеш првично се гледаше како почеток на подобри денови за клубот, но наместо напредок, се појавија сериозни финансиски проблеми. Играчите и стручниот штаб се соочуваат со неисплатени плати и наталожени долгови, а ваквата состојба веќе создава тензична атмосфера во екипата, што директно се одразува и врз резултатите на теренот. Ситуацијата стигна до критична точка, па Општина Кавадарци му постави јасен ултиматум на актуелното раководство – до 17 септември мора да ги исплати долговите. Во спротивно, новите сопственици ризикуваат да ги загубат акциите и контролата врз клубот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.