May 28, 2025 | | Македонија
Иако беа поразени во бараж натпреварите, фудбалските клубови Осогово и Големо Коњари ќе играат во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) во сезоната 2025/26. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска одржа ждрепка за пополнување на испразнетите места, а среќата им се насмевна токму на Осогово и Г. Коњари. Ждрепката беше организирана поради откажувањето на Гостивар и Воска, кои ги ослободија двете позиции во ВМФЛ. Интересно е што ждрепката првично и не беше планирана – поради најавата од Беса дека се повлекува од сениорскиот фудбал, што ќе ослободеше уште едно место. Но, по нивното брзо повлекување на одлуката, надежите на Преспа беа срушени – клубот и следната сезона ќе се натпреварува во Третата лига. Покрај Осогово и Големо Коњари, во Втората лига директен пласман преку бараж обезбедија и екипите на Тетекс, Шкендија Арачиново и Слога (В).
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |