September 15, 2025 | | Македонија
Осогово претрпе пораз од 2-3 од Скопје во четвртото коло од Втората македонска лига, но натпреварот го одбележа бурната реакција на клубот од Кочани поради судиските одлуки. Кочанчани тврдат дека биле оштетени со досуден непостоечки пенал за Скопје и преку официјално соопштение остро ја нападнаа целата судиска четворка предводена од Пларент Салихи. „Осогово не беше оштетено, туку силувано од главниот судија и неговите помошници. Непостоечкиот пенал е врв на бесрамното и непрофесионално однесување. Тој е срам за судиската организација и брука за ФФМ“, стои во реакцијата на клубот. Од Осогово нагласуваат дека со години се чувствуваат како мета на судиските одлуки, но овојпат револтот бил особено голем бидејќи, според нив, бил повреден и спортскиот и човечкиот интегритет на тимот и на навивачите. Клубот јавно побара претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ и контролорот Сашо Иванов да ја прегледаат снимката од натпреварот и да ја оценат работата на судиите. Дополнително, најавија дека Салихи и неговите колеги повеќе не се пожелни во Кочани. Натпреварот за Осогово имаше и емотивна тежина – победата требаше да им биде посветена на „ангелите“, меѓу кои и навивачите Томас Златков и Аце Стојанов.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |