March 25, 2025 | | Македонија
Македонија беше на прагот на голема победа, но фудбалската драма ја имаше последниот збор. Во 90-та минута, трибините експлодираа од радост – Бојан Миовски го најде патот до мрежата и донесе водство, носејќи надеж за славје во чест на жртвите од трагедијата во Кочани. Но, судбината имаше поинаков план. Во шестата минута од судиското продолжение, Велс искористи невнимателност во нашата одбрана. Дејвид Брукс, фудбалерот на Борнмут, се најде на вистинското место, а по грешката на Висар Муслиу и несреќната реакција на Димоски, топката заврши во мрежата. Околу 25.000 навивачи во еден момент беа во еуфорија, а веќе во следниот – во шок. Единствените што славеа беа велшките фанови на источната трибина. По 717 минути без примен гол, македонската дефанзивна тврдина попушти на најболен можен начин. Наместо три бода, освоивме само еден, а горчината на овој реми ќе остане долго запаметена.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |