September 30, 2024 | | Македонија
Дарко Панчев изјави дека најголемата грешка која тој ја направил во неговата фудбалска кариера е трансферот во Интер каде настапуваше од 1992 до 1995 година. Не само што Интер тогаш имаше неквалитетен тим, без игра, особено за нас напаѓачите. Ниту клупската атмосфера не беше во ред. Јас тоа на некој начин го почувствував. Не дојдов таму како млад играч па да морам да се докажувам, туку како еден од најбараните напаѓачи во Европа. Релативно брзо се скарав со тренерот и клупските челници“, изјави Панчев за „Спортски Журнал“. Тој откри дека преговарал и со други клубови. Имавме преговори со Барселона, чиј тренер беше Јохан Кројф. Ме бараше и Алекс Фергусон во Манчестер јунајтед. Потпишав преддоговор со Милан. Реал Мадрид беше заинтересиран и нејзиниот претседател Рамон Мендоза доаѓаше на преговори. Имав избор, а јас ја одбрав најлошата варијанта. Никој не ми е виновен.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |