Пандев: Не смееме да губиме играчи како Кулушевски и Секулов

December 29, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Пандев: Не смееме да губиме играчи како Кулушевски и Секулов

Македонската фудбалска репрезентација имаше продуктивна и позитивна недела, во која новото раководство донесе значајни одлуки. Спортскиот директор Горан Пандев најави нови иницијативи за унапредување на односот кон младите фудбалски таленти од земјата. Пандев нагласи дека Македонија не смее да дозволи да ги изгуби перспективните играчи кои играле за младинските тимови, а подоцна избрале да настапуваат за други репрезентации. „Не смееме да дозволиме да ни заминуваат фудбалери како Кулушевски и Секулов. Тие момчиња беа дел од нашите млади категории, а ние премногу лесно ги изгубивме. Со правилен пристап ќе спречиме вакви ситуации во иднина. Имаме голем број таленти кои играат во странски клубови, но потребно е да го препознаеме нивниот потенцијал. Работиме на формирање на скаутска мрежа и наскоро ќе ангажираме 3-4 скаути кои ќе ја покриваат Европа. На сите квалитетни млади играчи ќе им се даде можност, а одговорните ќе проценат дали тие заслужуваат повик за сениорскиот состав,“ изјави Пандев за ТВ21. Следните активности на репрезентацијата ќе започнат во март, со натпревар против Лихтенштајн на стартот од квалификациите за Светското првенство 2026, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.