Пандев побара оставки од Сејдини и Милевски: „Мора да се стави крај на сето ова“

September 8, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Пандев побара оставки од Сејдини и Милевски: „Мора да се стави крај на сето ова“

Најдобриот фудбалер во историјата на Македонија Горан Пандев рече дека вчерашниот дуел бил засрамувачки и дека е време селекторот Милевски и претседателот на ФФМ Сејдини да заминат. „Имам порака до Мухамед Сејдини. Пред точно шес години во Гибралтар му дадов поддршка затоа што имаше визија, сакаше да соработува. Но, тој Мети и овој сега, не се исти личности. Неколку месеци пред Европското првенство тој фати друг курс, почна да се дружи и да слуша совети од погрешни личности. Го изгуби компасот и затоа сега ни се случува колапс. Да си оди како човек, а не како кукавица и тоа што поскоро без разлика на тоа што мандатот му истекува во март. Одењето ќе биде добро за фудбалот, но и за него лично, затоа што луѓето кои сега му се соработници и советници го водат и него и фудбалот во пропаст, изјави Пандев во интервју за порталот Спортспорт. Според него, селекторот мора да превземе одговорност за ужасната форма. „Односот на теренот и изборот на Милевски за некои фудбалери е понижувачки за сите кои работиме во фудбалот и кои инвестираме во фудбалот во Македонија. Замислете Фарските острови во поголемиот дел од средбата ни покажа како треба да се игра, како да се контролира играта и да се создаваат шанси. Да, имавме зицер преку Чурлинов и Ќамили, но и тие имаа прилики за 2:1. За нив играше фудбалер во нападот, кој е резерва кај нас во Шкупи. Се е кажано! Не знам што е добро, каде е напредокот и како ќе играме во иднина кога работите се испуштени од контрола, чашата е прелиена и мора да се стави крај на сето ова“, рече Пандев.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.