Пандев: За Македонија мора да играат најдобрите!

December 27, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Пандев: За Македонија мора да играат најдобрите!

Во емисијата Дејли Клик на Тв21 Горан Пандев беше гостин каде зборуваше за мак-фудбалот. Фудбалската ситуација во Македонија, од младинските категории до првата лига, е на многу ниско ниво, изјави Пандев. Тој истакнува дека за да се постигнат успехи, потребни се радикални промени во системот. Како нов назначен директор на сите фудбалски селекции, Пандев се надева дека со новиот претседател Масар Омерагиќ и врвните тренери, работите ќе се помрднат од мртва точка. „Мора да ги тргнеме суетите на страна и да им дозволиме на најдобрите деца да играат, бидејќи во последните 7-8 години, иако имав фудбалска школа во Струмица, не се повикуваат најквалитетните играчи во нашите репрезентации“, изјави Пандев. Тој додаде дека во минатото, многу често фудбалери биле повикувани за репрезентацијата без да го заслужат тоа. Ова го имав и јас кога играв во младинските категории. Поради тоа, се откажав од македонската репрезентација. Имаме премногу менаџери кои ги лажат децата и тренери кои ги повикуваат играчите кои не заслужуваат да бидат во репрезентацијата“, изјави Пандев. Една од причините за неговото откажување од репрезентацијата беше токму оваа ситуација, која ја опиша како многу тешка, но на крајот, според него, тоа било клучно за подобрување на состојбите во тимот. „Три години не играв за репрезентацијата, и тоа беше најтешкиот период во мојата кариера. Но, мораше да повлечам чекор и да се средат некои работи“, додаде Пандев. Тој исто така зборуваше и за барањата кои ги имал во тоа време, како што било барањето за оставка од селекторот Благоја Милевски и од поранешниот претседател на ФФМ, Мухамед Сејдини. „Сега, Милевски ќе добие шанса во квалификациите за СП, но дали ќе остане селектор ќе зависи од резултатите“, рече Пандев. Во интервјуто, Пандев се осврна и на своето време играјќи за големи клубови како Интер, Лацио, Наполи, Галатасарај и Џенова, како и на освоената Лига на шампиони.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.