Пелистер ќе има буџет од еден милион евра

July 3, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Пелистер ќе има буџет од еден милион евра

Битолски Пелистер ја започна новата сезона со организациска свежина и амбициозен план. Новиот борд на директори ја одржа првата седница на Управниот одбор, на која беа дефинирани приоритетите и насоките за сезоната 2025/26. Седницата ја водеше извршниот директор Александар Стефановски, кој го презентираше буџетот за новата сезона — околу еден милион евра. Финансиската конструкција е веќе поставена преку поддршка од Општина Битола, спонзори, ваучер-системот на АМС, како и донации од ФФМ за младинскиот погон. На седницата се отвори и темата за реновирање на стадионот „Петар Милошевски“, проект кој ќе се реализира во соработка со локалната самоуправа, што ќе придонесе за подобри услови за натпревари и тренинзи. На теренски план, тренерот Димитар Капинковски е во завршна фаза од креирањето на тимот што ќе го брани зеленo-белиот дрес во Првата македонска фудбалска лига.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.