September 3, 2025 | | Македонија
Екипата на Пелистер многу потешко од очекуваното избори пласман во осминафиналето на Купот на Македонија, откако со доцнен гол успеа да слави над Тетекс со 1-2. Првото полувреме во Тетово им припадна на домашните фудбалери, кои поведоа со погодок на Николовски во 35. минута. Но, Пелистер брзо реагираше и на почетокот од второто полувреме израмни, што внесе нова неизвесност во натпреварот. Клучниот момент се случи во самата завршница, кога искусниот Стефан Спировски погоди за 1-2 и ја осигура победата за битолскиот состав. Новаци многу полесно си ја заврши работата – со 0-3 славеше на гостувањето кај Пчиња, при што сите голови беа постигнати во вториот дел од натпреварот. Освен Пелистер и Новаци, пласман во осминафиналето веќе обезбедија и Работнички, Силекс, Македонија ЃП, Брегалница, ГФК Охрид, Детонит Плачковица, Шкендија Арачиново и Беласица.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |