Пелистер се раздели со осуммина фудбалери

June 29, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Пелистер се раздели со осуммина фудбалери

Во Битола се случува фудбалско рестартирање. Македонскиот прволигаш Пелистер ова лето влегува во сериозна реконструкција, со цел да постави нови темели за иднината. Раководството му ја довери довербата на Димитар Капинковски, кој како нов шеф на стручниот штаб веќе го скицира изгледот на новиот тим. Со доаѓањето на Капинковски започна и прочистување на играчкиот кадар. Осум фудбалери кои ја носеа зелено-белата опрема минатата сезона веќе не се дел од клубот. Причината е едноставна – им заврши договорот, а нови не се понудени. „Со завршувањето на сезоната во Првата лига, истече договорот на неколку фудбалери. Нашите патишта се разидуваат, и на сите искрено им благодариме за професионалноста и ангажманот“, соопшти клубот. Пелистер се простува од следните имиња: Дејан Ѓуриќ, Захар Тарасенко, Фернардо Брито Карваљо, Масааки Такахара, Бојан Спиркоски, Виктор Серафимовски, Даниел Карчески и Стефан Костов. Фото: ФК Пелистер

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.