Пелистер со пенал го сопре Престон Лајонс во Новаци (ВИДЕО)

September 25, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Пелистер со пенал го сопре Престон Лајонс во Новаци (ВИДЕО)

По големата победа против Вардар, македонскиот клуб од Австралија, Престон Лајонс, денеска се соочи со Пелистер и овојпат не успеа да се израдува – битолчани славеа со минимални 1-0 во пријателскиот натпревар одигран во Новаци. Причината за преместувањето на мечот беше реконструкцијата на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, но тоа не им пречеше на „зелените“ да дојдат до победа. Решавачкиот момент се случи во 66. минута кога судијата покажа на белата точка по игра со рака на дефанзивец на Лајонс. Сигурен пенал-изведувач беше Здравевски, кој со ладнокрвен удар го матираше противничкиот голман. За Престон ова беше втор натпревар на турнејата низ Македонија – пред два дена во Скопје одиграа спектакуларен меч и триумфираа со 4-2 против Вардар. Тимот од Мелбурн ќе има уште една можност за настап на македонска почва – следна дестинација е Охрид, каде ќе одиграат нов пријателски натпревар пред враќањето во Австралија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.