March 17, 2025 | | Македонија
Селекторот на српската репрезентација, Драган Стојковиќ – Пикси, се обрати на прес-конференција пред натпреварот од плејофот на Лигата на нации против Австрија. Пред да зборува за фудбалските теми, тој најпрво изрази сочувство до семејствата и пријателите на загинатите во страшната трагедија што се случи во Кочани. „Ова е невидена трагедија. Сакам да изразам сочувство до македонскиот народ и семејствата на жртвите. Ќе предложам Фудбалскиот сојуз на Србија да стапи во контакт со македонскиот фудбалски сојуз за во иднина да одиграме натпревар кој би имал хуманитарен карактер“, изјави Стојковиќ. Во трагедијата што се случи ноќта меѓу сабота и недела, животот го загубија 59 лица, а повеќе од 150 млади беа повредени, од кои четириесетина се во критична состојба.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |