April 19, 2025 | | Македонија
Попладнево беа одиграни сите шест натпревари од 28. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), а колото понуди голема драма, пресврти и еден несекојдневен прекин. Најмногу внимание привлече случувањето во Охрид, каде натпреварот помеѓу Воска Спорт и Вардар беше прекинат околу 15 минути пред крајот. Домашниот тим го напушти теренот, при резултат 1:1, што најверојатно ќе резултира со службена победа за Вардар. Во Скопје, Работнички стигна до злато вредна победа против Пелистер. Битолчани поведоа преку Ивановски, но со два гола на Гандо, „романтичарите“ направија пресврт и ги освоија трите бода. Дербито меѓу Струга Трим Љум и Гостивар заврши без победник. Натпреварот во Струга заврши 1:1, со голови на Кехинде и Каланоски. Највозбудливиот натпревар се одигра во Гостивар, каде лидерот Шкендија со 2:3 ја победи Беса. Домаќините двапати се враќаа во игра, но сепак тетовци со гол во финишот ги потврдија амбициите за титулата. Силекс исто така дојде до триумф со пресврт. Шкупи поведе преку Ансах, но Ѓорѓиевски и Алиќ донесоа важни бодови за тимот од Кратово. Во Кавадарци, Тиквеш го доби директниот дуел за опстанок против Брера со 2:1. Стрелци за домаќините беа Стојкоски и Воша, додека овој натпревар беше од клучно значење за амбициите на кавадарчани да останат во елитата.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |