March 5, 2025 | | Македонија
Вардарци извојуваа значајна победа во градското дерби против Работнички, триумфирајќи со 0:2 и освојувајќи клучни бодови во борбата за опстанок. Резултатот беше отворен во 36. минута, кога Спахиу го најде патот до мрежата. Иако во текот на мечот имаше неколку шанси на двете страни, вториот погодок пристигна дури во самиот финиш, со што беше запечатен триумфот на Вардар. Пред водечкиот гол, Омерагиќ имаше можност да го доведе Вардар во предност, но не успеа да реализира удар од белата точка. Во останатите натпревари, Струга конечно прекина серија од три последователни порази, победувајќи го лидерот Шкендија со убедливи 3:0. Ова беше и првиот триумф за новиот тренер Илчо Ѓорѓиоски во неговиот втор натпревар на клупата. Сите голови за домаќините беа постигнати во второто полувреме – Радиќ беше двоен стрелец, а Радески ја запечати победата. Највисоката победа во денешните дуели ја забележа Силекс, кој ја декласираше Беса на гостински терен со 0:5. Во останатите средби, минимални триумфи од 1:0 на свој терен забележаа Пелистер против Воска и Тиквеш против Шкупи, додека Гостивар со истиот резултат славеше на гостувањето кај Брера во Струмица. ТАБЕЛА: Шкендија 46, Силекс 44, Гостивар 43, Работнички 41, Струга 35, Шкупи 31, Пелистер 26,, Брера 20, Вардар 20, Тиквеш 18, Воска Спорт 18, Беса 15.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |