По осум години ќе биде одблокирана сметката на Вардар

February 20, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

По осум години ќе биде одблокирана сметката на Вардар

Фудбалскиот клуб Вардар започна со процесот на одблокирање на својата сметка, која беше блокирана во изминатите осум години од претходните раководства, соопштија од клубот. Според соопштението на „црвено-црните“, денеска стартуваат два договори – еден со 120% гаранција за исплата на долгот кон УЈП во 36 рати и друг за отплата на обврските кон АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор во 10 рати. Вардар се наоѓа во борба за опстанок во Првата македонска фудбалска лига, моментно е на 12. место со 13 бодови. Во наредното коло, за два дена, ќе гостува кај актуелниот шампион Струга.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.