September 13, 2025 | | Македонија
Брера Струмица по оставката на стратегот Панче Стојанов реши привремено да му довери шанса на млад тренер. Мартин Алаѓозовски од денеска ќе биде предводник на струмичкиот клуб и дебито ќе го има на клупата токму против Шкупи (15:30). Алаѓозовски досега работеше со младинските категории на Брера, каде што веќе остави значаен белег – минатата година со пионерите ја освои двојната круна, а имаше и искуство со младинците во меѓународни натпревари, како против Сараево. На новата функција го чека тежок предизвик. Брера Струмица по четири одиграни кола сè уште е без победа (две ремија и два порази), па мисијата на Алаѓозовски е да ја врати самодовербата и резултатите на екипата. Покрај клубската работа, тој е и дел од стручниот штаб на репрезентацијата на Македонија до 16 години.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |