Победа на младите: Македонија U19 со 2-0 подобра од Босна и Херцеговина

September 4, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Победа на младите: Македонија U19 со 2-0 подобра од Босна и Херцеговина

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години денеска славеше со 2-0 против селекцијата на Босна и Херцеговина на пријателскиот натпревар одигран во Радовиш. Херој на мечот беше Стефан Младеновски, кој ги постигна двата гола. Младеновски првпат се запиша во листата на стрелци во 29. минута, откако Хоџа одзеде топка и му асистираше. Со прецизен удар од прва, тој донесе предност за „црвено-жолтите“. Гостите од БиХ имаа неколку обиди на стартот од второто полувреме, но Илоски и дефанзивата на Македонија беа сигурни. Во финишот, Македонија ја потврди победата – во 89. минута судијата досуди пенал, а Младеновски од белата точка реализираше за конечни 2-0. Следниот пријателски дуел меѓу двете селекции ќе се одигра во сабота (6 септември) од 11:00 часот на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица. МАКЕДОНИЈА – БИХ 2-0 (1-0) Стрелец: Стефан Младеновски 29′, 89′ (п) МАКЕДОНИЈА: Давид Илоски, Игор Ристов (74′ Златко Радески), Горазд Ристовски (86′ Андреј Мурџески), Назиф Цека, Лука Атанасовски, Давид Стојаноски, Ненад Дајманоски (64′ Каменчо Андоновски), Емир Шаботиќ (86′ Виктор Делов), Дитмир Хоџа (74′ Димитар Шаркоски), Марко Киш (86′ Ариф Локи), Стефан Младеновски. Селектор: Ерхан Селими. БИХ: Тарик Бањиќ, Филип Шакота, Петар Ѓукановиќ (81′ Данило Вујичиќ), Адмир Гојак, Јусуф Терзиќ (66′ Армин Спахиќ), Дарко Башиќ (60′ Хамза Реџиќ), Миљан Пантиќ (73′ Махир Бешиќ), Дин Рамиќ (81′ Антонио Араповиќ), Дино Делиќ, Бакир Косо (66′ Емин Хрњиќ), Амар Цериќ (73′ Дин Делиќ). Селектор: Дубравко Орловиќ.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.