Полувреме: Трајковски и Муслиу погодија за водство од 0-2 (ВИДЕО)

March 22, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Полувреме: Трајковски и Муслиу погодија за водство од 0-2 (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација, иако под впечаток на трагичните настани во Кочани, успешно ги започна квалификациите за Светското првенство 2026. Попладнево во Вадуц, по првото полувреме, има сигурно водство од 0:2 против Лихтенштајн. Резултатот беше отворен уште во 7. минута. Миовски испрати одлична топка од левата страна кон Трајковски, кој со глава ја смести во мрежата и донесе водство за Македонија. Со овој погодок, Трајковски стигна до својот 22. гол во националниот дрес на својот 92. настап. Во 28. минута Елмас постигна гол по додавање од Чурлинов, но истиот беше поништен поради офсајд. Лихтенштајн имаше своја шанса во 22. минута, кога Пици упати опасен удар, но Димитриевски со крајни напори успеа да ја одбрани мрежата. Во 36. минута македонските фудбалери бараа пенал по старт врз Алими, но судиите не реагираа. Сепак, Македонија ја удвои предноста во 42. минута, кога Муслиу беше највешт во противничкиот шеснаесетник и погоди за 0:2. Нашата репрезентација игра со сигурност и има целосна контрола на натпреварот, што беше и очекувано со оглед на тоа дека влезе како голем фаворит.

Фото: Макфудбал

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.