August 7, 2025 | | Македонија
Во Основниот кривичен суд во Скопје денес продолжи судскиот процес против организирана криминална група осомничена за трговија со дрога, во која е вмешан и поранешниот спортски директор на македонската фудбалска репрезентација, Данчо Масев. Масев, кој беше уапсен во март оваа година, денеска призна вина за делото за кое е обвинет. Со оваа постапка, неговиот случај беше раздвоен од главната судска постапка, а пресудата против него ќе биде изречена на наредното рочиште. Поранешниот македонски репрезентативец и функционер на Фудбалската федерација на Македонија, се наоѓа во притвор, каде ќе остане сè до изрекувањето на казната. Случајот фрли сенка врз спортските кругови, особено имајќи предвид дека Масев до неодамна имаше клучна улога во управувањето со националниот тим. Судењето за останатите обвинети продолжува, а јавноста со внимание го следи развојот на еден од поголемите случаи поврзани со организиран криминал во земјата во последниот период.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |