March 26, 2025 | | Македонија
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски сруши рекорд кој ќе остане запишан во историјата! Иако беше на чекор да ја продолжи својата феноменална низа, погодокот на Велс во последните секунди стави крај на неверојатните 711 минути без примен гол, пресметани според официјалната статистика (без судиските продолженија). Оваа бројка претставува апсолутен рекорд во историјата на македонскиот фудбал, а интересно е што и претходните два најдолги серии без примен гол се исто така дело на Димитриевски. Претходниот негов рекорд изнесуваше 326 минути, поставен за време на квалификациите за СП 2018 во дуелите со Италија (1-1) и Лихтенштајн (4-0), дополнет со пријателските средби против Норвешка (2-0), Финска (0-0) и Азербејџан (1-1). А третата најдолга низа, од 301 минута, исто така му припаѓа на Димитриевски, остварена во Лигата на нации 2018. И покрај тоа што серијата заврши на болен начин, македонскиот чувар на мрежата уште еднаш покажа дека е вистински бедем пред голот – рекордер кој ја испишува историјата на македонскиот фудбал!
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |