June 17, 2025 | | Македонија
Македонскиот шампион Шкендија ќе се сретне со добро познат ривал на стартот од новата сезона во Лигата на шампионите – ТНС од Велс. Ждрепката ги спои два клуба со заедничка историја, што ветува интересен двомеч уште во првото квалификациско коло. Двата тима веќе се судрија пред неколку сезони – тетовци тогаш на домашен терен забележаа убедлива победа од 5-0, но во реваншот беа шокирани со пораз од 4-0. Иако тогаш успеаја да минат понатаму, тој натпревар остана како еден од најнепредвидливите двобои во поновата историја на клубот. Сега, ТНС има шанса за реванш, а Шкендија – за потврда на супериорноста. Првиот меч се игра на 8 или 9 јули, додека реваншот е закажан за 15 или 16 јули.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |