September 18, 2025 | | Македонија
Фудбалската федерација на Македонија денеска соопшти дека е одржана нова седница на Управниот одбор, на која беа донесени повеќе значајни одлуки. Одлучено е цените на билетите за дуелот Македонија – Казахстан да изнесуваат 300 денари за западната трибина, а од 400 до 500 денари за јужната и северната, во зависност од категоријата. За сите фудбалерчиња од младинските категории во земјава влезот ќе биде бесплатен. Овој меч ќе биде и последен на домашен терен во квалификациите за Светското првенство. Селекцијата до 21 година својот квалификациски дуел со Ерменија за Европското првенство ќе го одигра на 10 октомври во Битола. Билетите ќе чинат по 200 денари. На седницата се дискутираше и за изградбата на новата трибина на „Градскиот стадион“ во Штип. Инспекцискиот надзор покажал дека градежните работи не се одвиваат во задоволителна фаза, па ФФМ најави дека во процесот ќе се вклучи и УЕФА. Управниот одбор донесе и одлуки за распределба на средства од солидарната шема на УЕФА за клубовите од ПЖФЛ, а беа усвоени и новите пропозиции за Детскиот фудбал во сезоната 2025/26.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |