Познати се осминафиналните парови во Купот на Македонија

October 4, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Познати се осминафиналните парови во Купот на Македонија

Денеска беа извлечени осминафиналните двојки во Купот на Македонија. Најинтересен дуел се очекува да биде натпреварот помеѓу Вардар и Тиквеш кој е бранител на титулата. Ова ќе биде нова пресметка помеѓу овие два тима по целиот скандал кој произлезе на последниот дуел помеѓу овие две екипи кога Вардар службено го доби натпреварот бидејќи навивачите на Тиквеш со предмет го погодија помошниот судија. Другите парови: Брера – Беса Вардар – Тиквеш Гостивар – Брегалница Шкендија – Шкендија Арачиново Струга Трим Лум – Македонија Ѓорче Петров Силекс – Шкупи Арсими – Воска Спорт Пелистер – Детонит Плачковица Осминафиналните натпревари на програмата се на 23 октомври со почеток во 14 часот. Се игра само еден натпревар, а доколку нема победник во регуларните 90 минути, директно ќе се изведуваат пенали. ФОТО: ФФМ

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.