October 30, 2026 | | Македонија
Фудбалската федерација на Македонија ги информираше навивачите дека продажбата на влезниците за натпреварот меѓу Македонија и Словенија ќе започне на 2 ноември (понеделник). Натпреварот ќе се одигра на 16 ноември (понеделник) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, во рамките на петтото коло од Лигата на нации, во групата Б. Цената на билетот ќе изнесува 500 денари, а влезниците ќе можат да се купат исклучиво преку официјалната платформа за електронска продажба на билети на ФФМ (eticket.ffm.mk). Се очекува голем интерес од навивачите за дуелот со Словенија, а поддршката од трибините ќе биде важен фактор за македонската репрезентација во овој натпревар од Лигата на нации
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |