November 19, 2026 | | Македонија
Македонската фудбалска репрезентација го заврши настапот во Лигата на нациите со убедлив домашен пораз од Словенија (0-3), но освен резултатот, внимание привлече и слабата посетеност на Арената „Тодор Проески“. Натпреварот во Скопје го следеа само 1.875 гледачи, бројка што ја сместува средбата меѓу најмалку посетените во шестото коло од натпреварувањето. Помалку публика имаше само на три други натпревари: Гибралтар – Малта, кој го следеа 1.095 гледачи, Израел – Австрија со 510 гледачи, како и дуелот Белорусија – Албанија, одигран без присуство на публика. Од друга страна, најголем интерес имаше за дуелот меѓу Германија и Холандија, кој го следеа дури 71.765 гледачи. Висока посетеност имаше и на натпреварот Шпанија – Англија, со 63.788 гледачи, додека третото место го зазеде средбата Унгарија – Северна Ирска, која ја следеа 55.276 љубители на фудбалот. Така, последниот натпревар на Македонија во Лигата на нациите, покрај убедливиот пораз, ќе остане забележан и по слабата посетеност на националната арена.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |