Прекинат натпреварот Каменица Саса – Скопје, нападнати беа гостите! (ВИДЕО)

December 7, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Прекинат натпреварот Каменица Саса – Скопје, нападнати беа гостите! (ВИДЕО)

Натпреварот помеѓу Каменица Саса и Скопје од 15. коло во Втората лига денеска беше прекинат откако домашни навивачи ги нападнаа гостите. Инцидентот се случи на 20-тина минути пред крајот на средбата, а по десетина минути чекање, судиите одлучија дека нема услови натпреварот да се доигра. Во моментот на прекинот, резултатот беше 1:1. Засега нема информации дали средбата ќе продолжи или ќе се одигра повторно.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.