Прекрасна кореографија на Комити во чест на Кочани: Благодарам на сите јазици (ФОТО)

April 16, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Прекрасна кореографија на Комити во чест на Кочани: Благодарам на сите јазици (ФОТО)

На Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје вечерва се одигрува хуманитарен натпревар помеѓу Вардар и Црвена звезда, во чест на жртвите и повредените од големата трагедија во Кочани. Страшниот пожар кој ја потресе целата држава однесе 61 човечки живот и остави над 150 повредени. Навивачката група „Комити“ приреди емотивна и впечатлива кореографија, со која им се заблагодари на сите што пружија поддршка во овие тешки моменти. Над трибините се појави зборот „Благодарам“ испишан на повеќе јазици – како симбол на благодарност до сите народи и земји што покажаа солидарност. Вечерашниот меч не е само спортски настан, туку чин на хуманост, единство и поддршка за семејствата на настраданите во оваа огромна трагедија. Вардар и Црвена звезда ја испраќаат пораката дека спортот обединува, особено во моменти кога најмногу е потребна човечка блискост.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.