Претседателот и комесарот за безбедност на Слога Виница добија кривични пријави!

June 10, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Претседателот и комесарот за безбедност на Слога Виница добија кривични пријави!

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека поднесени се кривични пријави против двајца функционери на ФК Слога Виница, откако физички нападнале фудбалер на противничкиот тим. Според соопштението од МВР, станува збор за Д.М. (44) и Н.К. (40), и двајцата од Виница, против кои има основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. Настанот се случил на 4 мај 2025 година, непосредно пред почетокот на натпреварот помеѓу Слога Виница и ОФК Карбинци. Во соблекувалната на Градскиот стадион во Виница, пријавените го нападнале фудбалерот М.Д. од тимот на Карбинци, по што случајот бил пријавен во полиција. „Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Д.М.(44) и Н.К.(40), двајцата од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘насилство’. На 04.05.2025 во соблекувална на Градскиот стадион во Виница, пред започнување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК Слога од Виница и ОФК „Карбинци“, пријавените физички го нападнале М.Д., фудбалер на екипата на ОФК Карбинци, соопшти МВР. Интересно е што непосредно по настанот, од клубот Слога Виница јавно демантираа дека се случил каков било инцидент, што дополнително го подгрева интересот околу случајот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.