September 28, 2024 | | Македонија
Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини бил нападнат и претепан од неколку маскирани во ресторанот Балканика Рустикана во Скопје, пренесе Алсат. Истото беше потврдено и од портпаролот на Федерацијата кој рече дека настанот се случил откако Сејдини го напуштал ресторанoт по работен состанок. „Во моментов не можам да знам кој беа напаѓачите. Бев во ресторанот „Балканика“, а ситуацијата се случи кога заминував на паркингот. Тогаш бев нападнат од три лица. Фала му на Бога што минав лесно. Се надевам дека надлежните од МВР ќе преземат мерки и ќе го расчистат случајот“, изјави Сејдини за „Клан Македонија“. Муамед Сејдини не е посериозно повреден и лесно минал по нападот од тројцата непознати сторители.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |